Скандалозната пејачка Северина Којиќ не издржа да не биде провокативна. Таа на денот на инаугурацијата на американскиот Претседател Џо Бајден облече костим за капење со мотиви од американското знаме.

Ма, може и вака…со плетенка и темни наочари, само да е американско!

Во описот на сликата ставила само едно смајли од „Кипот на слободата“, симболот на САД, и коментарчињата „да се сакаме, љубов со љубов се враќа“.
Разголена Северина во костимот за плажа со американско знаме сред зима предизвика хаос на социјалните мрежи.

Умна таа, кога веќе нема нов хит кој толку многу и недостасува, очигледно и текнува како да предизвика еден ваков одличен публицитет. Д.М.