Уметност во шолја: 3Д „latte“ арт – нов тренд за љубителите на кафе

115
Фото: Instagram/tan2.saka/3dlatteart_ann

Замислете денот да го започнете со кафе кое не само што има одличен вкус, туку и е убаво за очи. Току тоа е мотото на бармни во Јапонија, кои креирале нов latte тренд.

Не е невообичаено да се црта на површината на кафето, и речиси во сите кафетерии можете да добиете срце, дрво или слично исцртано со пена од млеко.

Но, овде се работи за 3Д уметност, односно вистински мали скулптури од пена. И тоа во шолја за кафе.

Јапонија е земја на креавност, па така омилените ликови овојпат ги претставуваат низ уметност од пена. Овој тренд брзо го засакаа многу луѓе низ светот, особено љубителите на добро кафе.

Фото: Instagram, tan2.saka
Фото: Instagram, tan2.saka