Изложбата „Криза 2“ на уметникот Игор Станоески вечер ќе биде отворена во Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

На изложбата, Станоески ќе се претстави со 14 дела работени во техника акрил на платно, настанати во период од 2019 – 2021 година. Делата се актови, инспирирани од микрокосмос на човекот како реакција на времето во кое живееме.

Изложбата ќе ја отвори историчарката на уметност Рената Симоновска.