Ултра модерен спортско-рекреативен центар „Македонија“ во Радишани

469

Веднаш спроти манастирот „Св. Наум“, кај местото викано Олимпија, наскоро ќе никне нов ултра модерен спортско рекреативен центар, можеби најубав во градот Скопје.

Како што најави градоначалникот на Општина Бител, Дарко Костовски, овој спортско рекреативен центар ќе содржи: модерно фудбалско игралиште со виско квалитетна вештачка трева, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување, игралиште за кошарка со специјална подлога, нови кошеви и ново лед осветлување, модерно детско игралиште, парк за рекреација на граѓаните и паркинг простор.