Речиси цел свет го обиколи видеото во кое анонимна  жена ја пее „Шелоу“ од Лејди Гага и Бредли Купер во лондското метро. Дамата која ги остави сите што ја слушнаа без текст се вика Шарлот Обери. По средбата со комичарот Кевин Фрешвотер нејзиното име е постојано во медиумите.

Таа гостуваше и во емисијата на Елен Деџенерис која и подготви невообичаени подароци, годишен билет за метро и ваучер од 10.000 фунти. Шарлот во разговорот одкри дека пее 15 години, но најмногу на свадби.

Нејзиниот изведувачки хит „Шелоу“ се наоѓа на Ајтјун топ 40 листата. А обожаватели ја споредуваат со Лејди Гага.

Извор: Политика.рс

Фото: Инстаграм