Улица во централното градско подрачје ќе биде именувана по Аки Рахимовски

62
Фото: Printscreen HRT

Една улица во центарот на Скопје ќе го носи името на неодамна починатиот фронтмен на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, најави скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во својата објава на Фејсбук.