Улицата „Којова ливада”, подготвена за асфалтирање

124

Жителите од улицата „Којова ливада”, во Берово, наскоро ќе газат по асфалт.

Како што информираат од Општина Берово, се вршат последните подготовки за асфалтирање на улицата, градежна механизација го рамни тампонира и поставува пропусти а на одредени места веќе е поставен и последниот слој тампон.

Улицата ќе се асфалтира во должина од 380 метри и 3,5 метри широчина и ќе биде постелена со асфалт. На одредени позиции ќе бидат поставени бехатон плочки.

Вкупната вредност на инвестицијата е 3.401.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Берово за 2019 година.