Улицата „Димитрие Чуповски“ затворена за сообраќај од 18 часот 

219

Градот Скопје денеска од 18 часот ќе ја затвори за автомобили и автобуси улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе организира „Велофиеста“ – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.-

– Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор за да видиме како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина ослободен од моторизиран сообраќај! Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини за нив и за возрасните – стои во повикот на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница „Титан“, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои: „Прв до врв“, „Еко свест“, „Еко логик“, „Go green“, „Смарт Ап“, „Електромобилност“ и други.