Украинците најавуваат навивачки поход на Букурешт за дуелот со Македонија

118

Украинските фудбалери најавија поход на романската престолнина од свои навивачи за денешниот натпревар против македонскиот национален состав, што за двете репрезентации ќе биде клучен во обидот да изборат пласман во осминафиналето на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ имаа огромна поддршка од околу 4.000 навивачи на натпреварот од првото коло во групата Ц против Австрија во неделата, но украинскиот напаѓач Jаремчук изрази убеденост дека денеска на трибините на Националната арена во Букурешт ќе преовладува сино-жолтата боја.

  • Имам чувство дека ќе видиме многу Украинци, бидејќи разговарав со многу луѓе и сите тие најавија дека доаѓаат во Букурешт. Сигурен сум дека ќе видиме многу повеќе украински од македонски навивачи на стадионот, изјави Јаремчук.

Напаѓачот на белгискиот прволигаш Гент, кој постигна прекрасен гол во поразот на Украина од Холандија (2:3) во првото коло на ЕУРО2020, додаде дека македонскиот состав со квалитетот што го поседува и постигнатите резултати заслужува целосен респект.

  • Се разбира дека тие немаат во своите редови играчи како Мемфис Депај, Френки Де Јонг или Џеорџино Вајналдум, но затоа имаат добар тимски дух, и тоа можам да го почувствувам. Очигледно е дека имаат идеја на теренот и се борат за резултатот, и затоа очекувам утрешниот натпревар да биде многу тежок, најави Јаремчук.

Од своја страна, Фудбалската федерација на Македонија апелираше до сите навивачи на „црвено – жолтите“, кои имаат обезбедено влезница за утрешниот натпревар, доколку се во можност да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест, поради „очекувањата на организаторите на натпреварот голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт.