Украински дрон предизвика пожар во руска нафтена рафинерија/ВИДЕО

50
Фото: Screenshot/Twitter

Пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски лоцирана во близина на црноморското пристаниште Новоросијка во Краснодарската област најверојатно е предизвикан од дрон, соопшти регионалниот гувернер Венјамин Кондратјев.

Во порака на Телеграм, Кондратјев додава дека пожарот е брзо изгаснат и оти нема жртви.

Не е соопштено кој го лансирал дронот.