Украинскиот претседател го покани Маск да го посети Киев

212
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го повика денес американскиот милијардер и сопственик на Твитер Илон Маск да ја посети Украина.

„Ако господинот Маск сака да сфати што направи Русија овде, нека дојде во Украина и нека го види тоа со свои очи. Потоа ќе ни каже како да ја прекинеме оваа војна, кој ја започна и кога можеме да ја завршиме“, рече Зеленски преку видео линк гостувајќи на конференцијата на „Њујорк тајмс“, пренесува украинска „Правда“.

Киевскиот весник додава дека Маск, кој во првите денови од војната ја поддржа Украина обезбедувајќи го сателитскиот интернет „Старлинк“, 222 дена по нападите на Русија предложи Украина да капитулира и ги праша следбениците на Твитер дали се согласуваат со неговата „визија“ за војната, на кој начин би можело да дојде до прекин на судирот.