Украинка се повлече од Зимските параолимписки игри по заробување на нејзиниот татко

66

Украинската биатлонка Анастасија Лалетина (19) се повлече од Зимските параолимписки игри, откако нејзиниот татко бил заробен од руските воени сили.

– Нејзиниот татко е украински војник, а го заробија руските сили, соопшти денеска портпаролката на украинската параолимписка репрезентација, додавајќи оти не располага со повеќе детали за неговата судбина.

Лалетина наскоро ќе го напушти параолимпиското село и ќе замине за Полска.

Лоши вести од татковината денеска пристигнаа и за еден од украинските тренери, чија куќа во градот Харков била урната од руски проектил.