Украинка покажа како сега изгледаат нејзините омилени места и иронично и се заблагодари на Русија/ВИДЕО

274

Украинката Ана Малигон неодамна на TikTok сподели како сега изгледаат нејзините омилени места во нејзиниот роден град во Украина.

Малигон неодамна ја прикажа моменталната ситуацијата на земјата во објавената видео содржина на својот профил и упати иронична благодарност до Русија, која не се откажува од војната речиси една цела година.

Таа во насловот стави на првото видео стави: „Моите омилени места во мојот роден град“ и покажа како сега изгледаат нејзиното училиште, омилениот ресторан, трговскиот центар и универзитет во Харков.

Два дена подоцна таа објави уште еден дел во кој покажува некои од омилените локации, но овој пат носеше панцир и кацига за да се заштити. Овој пат таа го покажа своето омилено кафуле, омилената продавница за облека, салонот за убавина и зградата на нејзината пријателка.

И оваа Украинка сподели како изгледа животот во Украина за време на агресијата, па во една од содржините покажа како во пет наутро ги буди сирена за тревога по која веднаш мораат да се засолнат.

@maligoshik #ukraine #kharkiv ♬ Che La Luna – Louis Prima with Sam Butera & The Witnesses

@maligoshik #ukraine #kharkiv ♬ Che La Luna – Louis Prima with Sam Butera & The Witnesses