Украина: Русија планира лажен нуклеарен инцидент во Запорожје

228

Украинското Министерство за одбрана тврди дека Русија планира да лажира нуклеарен инцидент во нуклеарната централа Запорожје за неколку часа.

На својот официјален Твитер, одбранбената разузнавачка служба на Украина тврди дека Русите планираат да „лажираат“ несреќа во централата. Исто така, се тврди дека Русија ќе се обиде да ја обвини Украина за инцидентот.

„Нивната цел е да ја испровоцираат меѓународната заедница и да спроведат детална истрага која бара прекин на огнот. Русите ќе ја искористат оваа толку посакувана пауза за да го прегрупираат окупацискиот персонал и да ја запрат украинската контраофанзива. Русите ја саботираа планираната ротација на персоналот на набљудувачката мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија во централата“, соопштија од Министерството.