Украдени пиштоли користени во филмовите за Џејмс Бонд

210

Пет пиштоли биле украдени од куќа во северен Лондон, кои биле користени во филмовите за Џејмс Бонд, вклучувајќи го и последното оружје со кое ракувал Роџер Мур кога го играл Агентот 007.

Полицијата упатила апел и молба до граѓаните да им се јават доколку имаат било каква информација за кражбата.

Се верува дека оружјето што е украдено од куќата на Енфилд, вреди повеќе од 100.000 фунти. Меѓу украдените пиштоли е и берета „чита“, од филмот „Умри некој друг ден“, како и берета „томкет“ со ласерски придушувач и „лама 22“ од истиот филм. Крадците однеле и еден „Walther PPK“ од филмот „Поглед на убиство“ и „смит и вестон магнум“ од „Живеј и остави другите да умрат“.

„Многу од предметите се незаменливи. На пример „магнум“ е единствен на светот кој во целост е направен од хром“, истакнал детективот Пол Ридли.

Полицијата наведува дека се забалежани тројца крадци во грабеж и дека побегнале со сребрено возило.