Украдени над 30 дрвја покрај булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

56

Градските власти информираат дека изминативе денови се украдени повеќе од 30 дрвја покрај новоизградениот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел.

Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација.

-За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР-потенцираат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото, бидејќи зелено и чисто Скопје е стремежот на сите нас.