Укината забраната за камиони на Стража, во прекин сообраќајот на патот Дреново-Јаболчиште

40

Од 19:20 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правца, информираат од ЈП Македонијапат.

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна незгода, од 17:45 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Дреново-Јаболчиште поради сообраќајна незгода.
Засега не е познато како се случила сообраќајната несреќа и нема детали за евентуално повредени лица или материјална штета.

Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража во двата правци порано вечерва беше воведена поради обилни врнежи од снег и засилен ветер.