УЖАС во Србија – Малолетник и негов пријател силувале и ограбиле старица!

70

Ужасно злосторство во околината на Зрењанин деновиве ја згрози Србија и регионот. Двајца мажи од кои едниот малолетник се осомничени дека упаднале во куќа на 68-годишна жена и извршиле страшни злосторства, ја мачеле, потоа ја силувале и на крајот ја ограбиле.

Српските медиуми објавија дека и двајцата синови на измачуваната жена починале пред неколку години. Жената имала тешки моменти во животот, а насилниците тоа го знаеле и ја нападнале во нејзиниот дом.

Инцидентот се случил во околината на Зрењанин. Љуба Н.(32) и неговиот малолетен пријател (17) се осомничени дека пред два дена упаднале во семејната куќа на С.К.(68) и ја мачеле, силувале и ја ограбиле.

“Тие дошле во нејзината куќа со автомобил, по што двајца влегле внатре, а другите двајца останале во возилото. Тие упаднале во нејзината куќа, а потоа ја мачеле ија  малтретирале, а на крајот кога се онесвестила од тортурата, ја силувале и ја ограбиле“, сведочат соседите за српските медиуми.

Кога жената се освестила едвај отишла кај соседи да побара помош. Тие пријавиле се во полиција, која набрзо уапсила двајца мажи од истото место, а се трага по уште двајца, пренесуваат српските медиуми.