УЖАСНА сообраќајна несреќа кај Владичин Хан, телото на една девојка пронајдено во Морава

2588

Денеска во раните утрински часови се случила тешка сообраќајна несреќа во Србија, во кој две девојки го загубиле животот, а две се повредени и пренесени во Здарвствениот центар во Врање.

Несреќата се случила на стариот дел од автопатот меѓу Предејане и Владичин Хан кога автомобил “Голф 5“ излетал од патот и паднал во реката Морава.

Од реката е извлечено безживотното тело на една девојка, а по друга се уште се трага, додека другите две патнички во автомобилот се повредени и пренесени во болница во Врање.

Српските медиуми пренесуваат дека идентитетот на загинатата девојка се уште не е утврден, но од полициски извори дознаваат дека во возилото биле четири девојки на возраст од 22 и 20 години и дека сите се од Предејане.

Истрагата е во тек.