УЕФА ја прекина дисциплинската постапка против Реал, Барселона и Јувентус

43

Комисијата за жалби на УЕФА одлучи да ја прекине на неодредено време постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три од 12-те екипи основачи на Супер лигата.

Двете шпански екипи и италијанскиот клуб не се одрекоа од проектот за ново натпреварување од затворен тип, принудувајќи ја Европската куќа на фудбалот на 25 мај да поведе дисциплинска постапка поради потенцијално кршење на правилникот за натпреварувања на УЕФА.

Преостанатите девет клубови, кои се повлекоа од проектот Супер лига, се спогодија со УЕФА во замена за поблаги казни.