Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради навредите кон македонскиот репрезнтативец Езѓан Алиоски на првиот меч од групната фаза на ЕП.

Искусниот напаѓач по постугнувањето на третиот погодок за Австрија, меч кој заврши 3:1, на српски го пцуеше Алиоски, на што реагираше и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која побара од УЕФА да го казни.

  • УЕФА назначи етичко-дисциплински инспектор за да спроведе истрага во врска со инцидентот во кој беше вклучен Марко Арнаутовиќ на мечот од Европското првенство помеѓу Австрија и Северна Македонија на 13 јуни, соопшти УЕФА.
Инаку, тој вчера се извини за својот испад, истакнувајќи дека не е расист.
  • Имаше жешки зборови среде емоциите на натпреварот за кои сакам да се извинам, особено на моите пријатели од Северна Македонија и Албанија. Сакам јасно да кажам една работа: јас не сум расист. Имам пријатели во речиси секоја држава и се залагам за различности. Сите кои ме знаат се свесни за тоа, напиша Арнаутовиќ на „Твитер“.