УЕФА ги објави групите од следната Лига на нации

80

Македонскиот национален тим во фудбал, во следното издание на Лигата на нации на УЕФА, ќе игра во Лигата Ц, и при ждрепката на 3 март, ќе биде во вториот шешир заедно со Косово, Белорусија и Кипар.

Први носители во Лигата Ц ќе бидат Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија. Ова значи дека огромни се шансите за ривал за имаме барем тим од соседството. Во третиот шешир се Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург, додека во последниот се Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Победниците од групите од Лигата Ц ќе се преселат во поквалитетната Лига Б, а последнопласираните испаѓаат во Лига Д. Мечевите почнуваат во септември 2020 година.