Реткост е еден македонски филм да се најде на редовниот репертоар на француските кино сали и да има толку позитивна критика. На „Медена земја“, тоа му успеа. Во Нанси македонскиот документарец има две проекции дневно во киното „Камео“, како уште во стотина други кино сали во Франција.

“Атиџе е извонредна жена чии гестови на предците се последни на оваа планета. По должината на острите карпи во раскошните планини на Северна Македонија, Атиџе одгледува пчели. Со голи раце, пријателка на пчеларниците на кои им го остава својот дел од медот, задоволувајќи се соземање на половина од тоа, што таа ќе го продаде во градот за да преживее. Атиџе живее во трошна куќа без вода и струја со нејзината мајка која веќе не може да ја гледа и едвај се движи, но води мирна и среќна егзистенција“, го резимира филмот најтиражниот француски

регионален весник „Уест Франс“.

За „Франс Инфо“, пак, „Медена земја“ е химна на традиционалното земјоделство.- “Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е особено трогателен со неговата фотографија која ја доловува убавината и неизмерноста на македонската земја. Плановите честопати се фиксини за да им се даде време на гледачите да се

восхитуваат, а дијалозите – на стар локален турски дијалект – се малубројни. Кога ќе излезете од кино салата, убавината на природата ќе остане во вашата глава, а зуењето на пчелите во ушите“, пренесува “Франс Инфо“, а уште многу позитивни осврти на филмот, има и во париските „Ле Монд“, „Фигаро“, „Либерасион“…