Уделот на Лада на рускиот пазар меѓу 22 и 23 проценти

80

Уделот на марката Лада на рускиот пазар на автомобили до крајот на 2021 година ќе биде меѓу 22 и 23 проценти, изјави првиот човек на Ростец, еден од сопствениците на Лада, Сергеј Чемезов.

– Тргнуваме од реална прогноза дека целиот руски пазар може да надмине 1,8 милиони возила во 2021 година, но само ако се надмине кризата со снабдување со електронски компоненти и државата го поддржи купувањето во четвртиот квартал, додаде Чемезов.

Претседателот на Автоваз, Николас Мауре претходно рече дека компанијата очекува значителен раст на рускиот пазар на автомобили во 2021 година во случај на продолжување на мерките за државна помош за автомобилската индустрија, како и доколку се воспостави снабдување со електронски компоненти.

Тој исто така информира дека Автоваз планира да претстави пет нови модели на Лада во следните четири години и во рок од пет години да го донесе брендот во сегментот на повисоки цени.

Во првата половина на годината во Русија се продадени 200 илјади Лади.

Лада ја има има во пет групи модели: Vesta, Xray, Largus, Granta i Niva.

Сопственици на Автоваз, во чии погони се произведува Лада, се Рено – Алијанса Ростец Ауто со учество од 68 проценти и Руската државна корпорација Ростец со 32 проценти.