Угостителските услуги за една година поскапеле за скоро 10 отсто

21

Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

 

Споредено по групи на услуги, зголемување во мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци за 0,1 процент.

 

Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 7 проценти, a во однос на декември лани зголемувањето е за 5,3 проценти.