Угостителите од 21 јануари ќе работат до 21 часот, ќе се разгледа можноста за работа и до 23 часот

53

Од 21. месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во однос на олабавувањето на мерките за заштита од Ковид-19.

Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.

Работното време на угостителите од 18 декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците.