Убиство во скопско Инџиково: Крадци го убиле откако им рекол дека нема пари!

132

Жител на скопско Инџиково ноќеска е убиен во својот дом пред сопругата од две маскирани лица.

Како што соопшти МВР, синоќа еден час пред полноќ М.Н. пријавила дека во двор од куќа во село Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него. Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.