Убиство во Гостивар-со остар предмет усмртена е жена

72

Седумдесет и осум годишна жена е убиена ноќеска во Гостивар, додека две други лица се тешко повредени.

Според информациите од СВР Тетово, околу 3.50 часот било пријавено дека во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар има повредени лица со остар предмет. Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и констатирале дека повредени се 78 годишната С.Т, 54 годишната С.Р и 60 годишниот Б.Р. Трите лица биле пренесени во гостиварската болница за укажување на медицинска помош, кадешто 78 годишната жена им подлегната на повредите и починала. Двете повредени лица биле пренесени на скопските клиники.

Според непотврдени извори, сторителот бил во нејзината куќа, кадешто имало уште две други лица и ги нападнал со нож. Неофицијално, мотивот за убиството биле нерасчистени долгови.