Убиецот од Цетиње ги убил потстанарите затоа што доцнеле со киријата?!

735

Мотив за страшниот масакр во Цетиње во кој се убиени 10 лица, и уште шест се повредени, наводно била семејната караница до која дошло поради наводно доцнење во плаќањето на станарина, објави Telegraf.rs повикувајќи се на извор близок на семејството.

Семејството кое живеело како потстанари кај Вук Бориловиќ, човекот кој денеска уби 10 луѓе, наводно доцнеле со плаќањето на станарината.

Како што тврди изворот, Борилович вршел притисок на жената која била потстанарка, а таа потоа му се пожалила на сопругот кој бил на пат, а маѓот го повикал својот пријател кој отишол кај Бориловиќ и тука почнала кавгата. Бориловиќ потоа прво го убил пријателот на семејството што живеело кај него под кирија, а потоа и другите.

Според засега непотврдени информации, кои исто така ги пренесува Телеграф, Бориловиќ наводно се лекувал во психијатриска болница и неодмна бил пуштен.