Поранешниот американски ММА борец, Тајлер Ист (30), е убиен во Ново Мексико, по расправија со девојка.

Наводно, тој ја застрелал девојката во станот, а потоа ја извлекол надвор, за на крај некој минувач да му ја изрече казната – убивајќи го!

Американските медиуми јавуваат дека полицијата ги пронашла мртвиот Ист и девојката која била со прострелни рани и моментно е во болница, во стабилна состојба.

Ист беше помладиот брат на поранешниот УФЦ-борец Коди Ист. Кариерата ја заврши пред пет години со сооднос од 15 победи и шест порази.

Во претходните години, тој имаше проблеми со законот, претепа другар од средно училиште, потоа беше уапсен за семејно насилство, крадење пари од картичката на неговата баба…