Познатиот ММА-борец, Мауро Шауле, е убиен по една тепачка што се случила во ноќен клуб во Бразил. Според тамошните медиуми, Мауро бил излезен со пријателка, а до инцидентот дошло кога таа се скарала со девојка која била во друштво на воени полицајци, кои не биле на должност.

По жестока расправија, конфликтот ескалирал. Бразилските медиуми јавуваат дека во тој момент еден од полицајците извадил пиштол и ги застрелал Шауле и неговата пријателка. Мауро се обидел да ја заштити пријателката, па во обид да го земе пиштолот, го ранил полицаецот. Останатите полицајци веднаш реагирале, а потоа возвратиле кон ММА-борецот, кој бил погоден со куршум во грбот, а неговата пријателка во стомакот. Некако успеал да побегне од ноќниот клуб, а при бркотницата по улиците, ММА-борецот ја загубил контролата над возилото, удрил во друг автомобил и искрвавил до смрт.