На денешен ден во 1935 година е отворена првата линија на Московскиот метрополитен.

Линијата се движела од метро-станицата „Сокољники“ до станицата „Парк куљтури“ и била долга 11.2 километри.

Денес московското метро има 14 линии со должина од 381 километар и 222 станици.

Се смета дека е најубавото во светот и е една од главните туристички атракции, а во работни денови ова метро превезува околу 10 милиони патници дневно.