Убавини….“Македонско девојче“ со Виолета и Здравко во дует

259

Две музички легенди уште од онаа поранешната југословенска естрада, нашата фолк дива Виолета Томовска и безвременскиот Здравко Чолиќ, имаа неодамна срдечна средба во Скопје. За сега тие не ни ги откриваат деталите од нивниот муабет. Но, сепак нашите доверливи извори за “Вечер“ велат дека Здравко поодамна е вљубен во македонската народна песна “Македонско девојче“, која инаку во ориганалната верзија ја пее токму Виолета. И токму затоа не е тешко да се погоди дека двете ѕвезди имаат во план оваа песна позната ширум светот да ја снимат во дует. Еден дел ќе го пее Виолета, еден дел Здравко, рефренот ќе им биде заеднички. Песната ќе има и видео спот кој би требало да се снима на различни локации ширум убавата Македонија, а со тоа да се долови и природната убавина на македонските девојчиња. Останува да се стрпиме, да видиме што од сето тоа ќе биде….а, ќе биде се ок, кога една таква евергрин-песна во дует (ќе) ја пеат бисерните грла Томовска и Чолиќ.
Дуле М. /фото:“Вечер“/