Уапсен член на „ИД Битлси“ – терористи кои ги обезглавувале заробениците

86

Машко лице, за кое се верува дека е член на терористичката ќелија на ИД, „The Beatles“, е обвинето за тероризам по апсење во Велика Британија, соопшти денеска британската полиција.

На 38-годишниот Ејн Дејвис му е одреден притвор и подоцна треба да се појави пред суд. Тој е уапсен на аеродром, по депортација од Турција.

Дејвис, кој негира оти бил дел од екстремистичка група, е обвинет и за поседување огнено оружје.

Наречен „четврти Битлси“, Дејвис е осомничен дека е член на банда од Лондон за која се вели дека е одговорна за киднапирање на заложници на Исламската држава во Сирија, обезглавувајќи ги некои од жртвите пред камери.

Тој е обвинет дека бил дел од ќелијата на киднапери и убијци на ИД која киднапирала десетици странци во Сирија во периодот од 2012 до 2015 година. Заложниците ѝ дале прекар на џихадистичката група „Битлси“ поради нивниот британски акцент.