Уапсен дилер во Куманово

37

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 19.45 часот, го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.