Пет професионални кошаркари од австрискиот тим УСБЦ Грац се уапсени поради сомнение дека местеле натпревари.

Се сомнева дека местеле натпревари за нивниот тим, изјави генералниот обвинител во Грац, Хансерг Бахер. Се работи за двајца Американци и, како што е наведено, тројца играчи од поранешна Југославија.

Играчите беа уапсени затоа што, според обвинителството, постои ризик да избегаат и да се обидат да сокријат докази. Првите рочишта веќе се одржаа, но обвинителството не даде детали околу истрагата.

Генералниот директор на првиот тим во Грац, Михаел Фукс, рече дека знаел само дека петмина играчи се уапсени и дека деталите за случајот не му се познати. Имињата на уапсените не се објавени.

На веб-страницата на клубот се наведува дека во првиот тим, по потекло од поранешна Југославија, спаѓаат играчите Драго Брчина од Словенија и Хрватите Марко Цар и Матија Пошчиќ, како и Томислав Рашиќ, кој ги брани боите на австриската држава.