По пауза од една година, Македонија повторно ќе има претставник во БИБЛ лигата, oткако беше потврдено дека во балканската лига ќе ја гледаме екипата на ТФТ од Тафталиџе.

Првиот човек на клубот, Боро Смилковски, со формална регистрација го потврдил настапот БИБЛ. ТФТ во минатата сезона беше прв во втората лига запад и покрај тоа што не се доигра сезоната беше промовиран во првата лига.

Регионалното натпреварување во следната сезона ќе има осум екипи, покрај од Македонија ќе има учесници од Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија.