Кошаркарите на ТФТ Скопје не искористија напад за победа против израелски Ирони Нахариа, поради што го претрпеа петтиот пораз (66:67) во БИБЛ лигата по девет одиграни кола. Натпреварот во СРЦ „Кале“ беше решен буквално во последните секунди, кога Хортон се лизна и не успеа да ј прифати топката, па гостуте умешно потрошија десетина секунди колку што останаа до крајот.

Сега, шансата за пласман во следната фаза ТФТ ќе ја бара во последното коло, на 1 февруари, кога го пречекува бугарски Берое.

Најефикасен кај македонскиот прволигаш беше Џермејн Бишоп со 18 поени, додека на спротивната страна прво име беше Дастин Томас со 19 коша.

За Ирони Нахариа ова е петта победа во низа во БИБЛ лигата.