Кошаркарите на ТФТ ја остварија осмата победа во Првата македонска лига откако славеа над екипата на Чаир со 87:75.

Батрик со 24 поени беше прв стрелец кај победникот, а на спротивната страна беа залудни 30-те поени на Френклин, кој додаде и 13 скока.

ТФТ е четврти на табелата со осум победи и пет порази, додека чаирчани се на 10. место со девет порази и четири триумфи.