Кошаркарскиот прволигаш ТФТ денеска го стартуваат квалификацискиот турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Турнирот, кој се одржува во Скопје, ќе го отворат британски Лестер Рајдерс и Волунтари од Романија, меч кој ќе се одигра во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека нашиот претставник ќе ги одмери силите против германски Кемниц во 21 часот.

Следните натпревари ќе се одиграат на 23 септември, а финалниот меч ќе може да се проследи на 25 септември.

Инаку, ТФТ минатата година го освои Купот на Македонија што беше пријатно изненадување во македонскиот баскет и причина за одлични засилувања во тимот за оваа сезона.