Тухел опседнат со Рашфорд

50

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри дека предводникот на „светците“, Томас Тухел, сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на брзоногиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Репрезентативецот на Англија има статус на стандарден првотимец на „Олд Трафорд“ и тешко дека ќе добие дозвола за промена на клупската средина. Неофицијално, ПСЖ е подготвен да одвои околу 150 мил. евра за неговото обештетување.