Велосипедската трка околу Франција во 2021 година ќе почне од Брест, наместо од Копенхаген, најави директорот Кристијан Прудом.

Претходно беше планирано најпознатата велосипедска трка наредната година да почне од Копенхаген (Данска), но вој старт беше променет за 2022 година со цел да се избегне поклопување со други натпреварувања кои беа одложени заради пандемијата со коронавирусот.

Наместо Во Копенхаген, наредната сезона велосипедската трка Тур де Франс ќе стартува од Брест, Франција.

-Разговаравме со локалните власти за можноста организирање на една етапа од трката уште во 2018 година. Но минатата есен се договривме трката да стартува од Бретање 2022 година, но пандемијата со коронавирусот се поремети, рече Прудом за „Франс Прес“

-Бретање  не е и ниогаш нема да биде план Б. Се надевам дека ќе имаме успешен старт  на трката од ова место, заврши првиот човек на трката