Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.  Нашите одбојкари по стартните три порази во групата, во последните два натпревари се надминаа себеси и ги совладаа Белорусија и домаќинот Словенија, но вратата од осминафиналето требаше да ни ја отвори Турција, која вечерва го играше последниот натпревар против Финска.

Иако беа големи фаворити и имаа водство од 2-1 во сетови, се опуштија во клучните моменти и дозволија Финска да стигне до посакуваните 3:2, резултат со кој двете селекции патуваат во елиминационата фаза, а нашите херои си заминуваат дома.