Судот изрече доживотни казни затвор на 22 поранешни воени службеници. Турција од неуспешниот воен удар досега уапси десетици илјади лица и отпушти од работа над 100.000 јавните службеници, од кои 21.000 се од вооружените сили.

Денеска заврши едно од последните рочишта на маратонските судењата во Турција во врска со неуспешниот државен удар од 2016 година. Судот во Анкара осуди околу 488 лица за кршење на уставот во средата поради нивната поврзаност со неуспешниот обид за воен удар во 2016 година, објавија турските медиуми.

Судот изрече доживотни казни затвор на 22 поранешни воени службеници, јавува АФП. Тие беа меѓу речиси 500 обвинети кои се соочија со изрекување казна за време на сослушувањето во средата, кое ги разгледува постапките на турската претседателска гарда за време на обидот за воен удар.

Сослушувањето во средата е едно од последните во долгата серија случаи спакувани заедно во масовниот правен процес што започна во 2017 година и вклучува стотици судења за гонење на обвинетите за вмешаност во обидот за пуч.

Судскиот процес почна во октомври 2017 година и досега имаше 243 рочишта, пренесе агенцијата.Меѓу обвинетите има и поранешни високи воени офицери од претседателската гарда, наведува државната агенција Анадолија.

Обвинителството побара доживотен затвор за 90 од обвинетите и долги затворски казни за уште неколкумина.Обвинителот одделно побара ослободување од обвинение за 264 осомничени и продолжување на судскиот процес против 11 лица кои се во бегство, додаде Анадолија.

Осомничените се обвинети за заземањето на седиштето на државната телевизија ТРТ во Анкара, во ноќта на пучот, на 15 јули 2016 година, и принудување на водителот на вестите да ја прочита изјавата на пучистите. Другите обвинувања вклучуваат обид за уставен преврат и членство во терористичка организација.

Вкупно 104 лица се веќе зад решетки, додека на 11 им се суди во отсуство, јави ДПА.

Анкара за неуспешниот пуч го обвинува исламскиот свештеник ФетулаЃулен, кој живее во САД, а неговото движење го означи како терористичка група.

Турција од неуспешниот воен удар досега уапси десетици илјади лица и отпушти од работа над 100.000 јавните службеници, од кои 21.000 се од вооружените сили.

Од вкупно 289 судења во врска со обидот за воен удар, додава Анадолија, 14 сè уште се во тек.