Турција: Издадени налози за приведување на 133 приврзаници на ФЕТО

72

Во Турција се издадени налози за приведување на 133 припадници на Турските вооружени сили кои се сомничат за членување во терористичката организација на Фетулах Ѓулен (ФЕТО), од кои 82 биле во активна служба.

Во соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител се вели дека истрагите коишто се започнати за приведување на осомничените припадници на ФЕТО во Турските вооружени сили во Измир, се сè уште во тек.

Меѓу осомничените се наоѓаат тројца полковници, пет мајори, пет капетани, 12 поручници, 54 подофицери и тројца наредници, кои биле на активна должност.

Од Канцеларијата на обвинителот исто така се издадени и налози за приведување на 14 избркани студенти од затворени воени училишта, како и двајца полковници, двајца потполковници и тројца капетани, кои веќе не биле на должност поради пензионирање, оставка или раскинување на договорот.

Налозите за приведување за 133 осомничени лица биле издадени под обвиненија за контактирање со т.н. „тајни имами“ – високи членови на ФЕТО – преку телефонски говорници.

Безбедносните сили организираа истовремени операции во 44 области, вклучувајќи го и Измир. ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.