Турција жртва на кавгата помеѓу Мишел и Фон дер Лејен

217

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, при посетата на Турција е измамена. Домаќинот Ердоган не згреши, туку претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, пушува „Дер Шпигел“

Германскиот неделник „Дер Шпигел“ објави текст за случајот со протоколот на состанокот на челниците на Европската Унија со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара, што се одржа на 6 април, пренесува агенцијата Анадолија.

Во текстот на германскиот неделник се наведува дека Турција воопшто не е виновна за случувањето во текот на протоколот што го привлече вниманието на јавноста. На состанокот Ердоган и Мишел седеа на столови, додека Фон дер Лејен на почетокот остана да стои. Потоа ѝ беше понудено место на софата до Мишел, а Чавушоглу исто така седна на софата наспроти претседателката на Европската комисија.

Текстот под наслов „Како ЕУ се доведува во смешна ситуација на глобалната сцена“ нагласено е дека во текот на протоколот јасно се покажала „борбата за власт“ на европските челници.

„Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, при посетата на Турција е измамена. Домаќинот Ердоган не згреши, туку претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел. Видовме сцени од чудна борба за власт.“

Во текстот протоколарниот инцидент е опишан како фијаско, за кое, како што се наведува, е одговорен спорот помеѓу Мишел и Фон дер Лејен.Уште се додава дека препирките и недоразбирањата меѓу нив траат со месеци, особено околу прашањата за надворешната политика.

И францускиот весник „Л’Опинион“ објави текст за инцидентот. Во текстот се наведува дека Турција всушност била жртва на кавгата помеѓу претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Реалноста е сепак сосема поинаква. Турците, кои веќе неколку месеци се обидуваат да покажат дека се зближиле со Европската Унија, беа жртва на кавгите меѓу претставниците на Брисел“, наведува Л’Опинион.

„Протоколарниот инцидент на состанокот со Реџеп Таип Ердоган го покажува ривалството меѓу претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет. Овде, Турците беа повеќе гледачи отколку актери.“

Се наведува дека сличен случај се случил кон крајот на март по последниот виртуелен самит на Европската Унија. Тимот на Мишел тогаш објави фотографија на која се гледа како сите 27 шефови на држави и влади стојат покрај претседателот на Европскиот совет, додека Урсула фон дер Лејен воопшто не се гледа.