„Турција одлучи повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море“, изјави турски официјален претставник.

Изјавата беше дадена во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица.

„Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добија наредба да се држат настрана“, рече тој за западни медиуми.

Гувернерот на турската област Хатај, Рахми Доган, изјави синоќа дека бројот на загинатите турски војници во воздушниот напад во Идлиб се искачи на 33 лица, јави Анадолија.

Извор: МИА