Турски државјанин фатен на „Деве Баир“ со фалсификувана полиса

33

-На 29.05.2023 во 06.25 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(33) од Турција, затоа што при извршена контрола било констатирано дека полисата за осигурување за товарното моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка. Подоцна, од Регионалниот центар за гранични работи Исток против него била поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР.