Турските ѕвезди праќаат емотивни пораки за помош на настраданите во земјотресот  

194

Длабоко погодени поради природната катастрофа…

„Не планирајте премногу, не оставајте за подоцна, не зборувајте има време….“ вака низ солзи велат големите турски медиумски ѕвезди, кои и ние во Македонија предобро ги знаеме, благодарение на ТВ-сериите.

А, причината е премногу тажна поради завчерашниот силен земјотрес кој ја погоди нивната родна Турција. Тие имаат милион пораки за сите добри луѓе на оваа планета да им се помогне на настраданите, да им се изрази најсилно сочувство на семејствата на загинатите.

Актерите Бергузар Корел и Халит Ергенч, кои ги памтиме од сериите „Шехерезада 1001 ноќ“, „Сулејман Величествениот“ праќаат силен повик:

– Потребна е најитна меѓународна помош. Сите вие низ светот кои ја читате оваа порака, ве молиме да се вклучите во помошта на нашата земја. Нашите сонародници, кои се најдоа под урнатините на земјотресот, што ги бараат им треба ваша помош за да се спасат луѓето додека не е доцна, трогателно напишаа, на сите нам омилените, Шехерезада и Онур, кои сега живеат во Лондон со децата.                                            – И омилениот, актерот Бурак Озчивит, емотивно пишува: – Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост, за нашето население, и лесна земја за оние кое ги загубија животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување.

Се огласи и атрактивната актерка Елчин Сангу:

– Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Таа со „помош“ на прстите испрати едно големо, топло срце! (Д.М.)фото:Инстаграм