Турските власти во карантин ставија цел авион од Техеран

104

Турските власти денеска во карантин ставија 132 патника и членови на екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“ од Иран заради сомнение дека некој од нив е можно да е носител на новиот корона вирус.

Турското Министерство за здравство соопшти дека на сите лица од авионот им е одреден карантин од 14 дена, во за тоа специјално подготвена болница во Анкара. Агенцијата Анадолија наведува дека за 17 патници од летот има сомненија за присуство на корона вирус, пред сè, заради нивната зголемена температура. Авионот слетал во Анкара на пладне, а првите примероци за тестирање на патниците им биле земени уште во авионот.

Турција во неделата го најави првото привремено затворање на својата копнена граница кон Иран, каде во последните денови постојано расте бројот на заболени од „ковид-19“. Денешниот лет од Техеран бил наменет за враќање на Турците од Иран, наведе Министерството за здравство.